kraj - toni zen lyrics
[текст за песната „kraj“]
[увод]
smoke, да ви ебам мајката!
[строфа 1]
диви сме пошто месото е диво (диво)
ранливи дека има меко ткиво (ткиво)
има ли во авионот пилот? (пилот)
боже, имај милост, ништо не е нивно
а се праат дека имаат сѐ, земале сѐ
ако им побараш, снемале сѐ
и не се трпи ова веќе пошто ебале сѐ
ако зборите за војни, мене не ме барајте
рекол човек без его, светол е патот негов
свети дека е темно, не две — он е едно
чува сѐ што е вредно, јава диво без седло
талка, трага, копа директно — несуеверно
нему му треба љубов, не му треба престол
без стол, без круна, знае кај му е место
прав пат и покрај сѐ и сешто
го допрев дното и таму бев, но
[рефрен]
го оставам злото да оди
со приспивна песна за крај
бум, biddy bye*bye, бум, biddy bye*bye
проаѓам времиња нови
со љубов, во очите сјај
бум, biddy bye*bye, бум, biddy bye*bye
го оставам злото да оди
ова е крај
бум, biddy bye*bye, бум, biddy bye*bye
[строфа 2]
сакам плажа, а и врв некој
може друштво, ама не секој
не дека не ги сакам, а и не знам да мразам
па на секое лошо, јас со добро враќам
можам да носам радост, не само тага
и да неаме муабет, отвори ми врата
останав и сѐ уште сум тој што го сакав
сонот е баш овој пошто сонував овака
не ме терај да бидам со сила глуп
и нејќам да сум друг, корисен у твојот круг само
се уморив од тапшање по рамо
не ви се пикам, само го сакам мојот народ
знаеш дека братот удира маалски
бетонски пат, не сум научен кралски
ме разбираш ако до гуша во кал си
за во длабокото, пази, мал си
чекај ред, сине, пушти ги постарите
можеш да научиш нешто и од клошарите
не дека не се ама битни се и парите
денес овде, утре кај ти се другарите
идеме јако, брату, само храбро на сцена
не се давај, биди гладијатор во арена
оди по патот свесно и коректно
го допрев дното, и таму бев, но
[рефрен]
го оставам злото да оди (го оставам злото да оди)
ова е крај (ова е крај)
проаѓам времиња нови (проаѓам времиња нови)
со љубов, во очите сјај (со љубов, во очите сјај)
го оставам злото да оди (го оставам злото да оди)
бум, biddy bye*bye
го оставам злото да оди
со приспивна песна за крај
бум, biddy bye*bye, бум, biddy bye*bye
проаѓам времиња нови, со љубов во очите сјај
бум, biddy bye*bye, бум, biddy bye*bye
го оставам злото да оди
ова е крај
бум, biddy bye*bye (бум, biddy bye*bye)
Random Song Lyrics :
- det startede i gården - zk (dnk) lyrics
- yvng king - n.a.s.o lyrics
- solid gold - leah mcfall lyrics
- cash clown living (ft. eazy on the beat) - k-lon the artist lyrics
- mariposas - rayo lyrics
- fly - lightcap lyrics
- bad news - boxcar willie lyrics
- indra's jewelled net - grendel's sÿster lyrics
- i look to you (giuseppe d. mixshow mix) - whitney houston lyrics
- got your back - b.o.y (b of you) lyrics