lirikcinta.com
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

kazi da - slatkaristika lyrics

Loading...

[1 строфа]
вечерва се чувствувам одлично
емотивно отворен ми е ракописот
различни како ден и ноќ
али у 5 се спајаме и се’ друго е небитно
слико моја, јас сум ти совршената рамка
би звучел клише ако ти кажам дека те сакам
а, те сакам, ко што никад не сум сакал ја
не можеш да замислиш колку си сакана
а. не можат ни они, пошто нема љубов во нив
остај ги нив, куравите се љубоморни
баш размислувам секое сабајле
човек кога станува од спиење е гаден
јас сум згужван и ружен ко гроб
не знам како драга моја, али лепа си го бог
ќе ти ја пеам ја
песната колку и да е сељачка

[рефрен]
кажи само да!
сите твои желби можам ја
ко златна рипка да ги исполнам
сакаш ли да бидеш најсреќна
жена на свет те прашувам?

и дур те будам да се смееш
ќе ти стане навика
би одбил само будала
се шалам, само кажи да!

кажи, кажи да

[2 строфа]
вечерва се чувствувам одлично
емотивно отворен ми е ракописот
совршен миг да те опишам
ти си моето дело, ја на чело ќе ти се потпишам
ти си мона лиза, иако сум автор
што гледа со очи на пикасо
не знам дали ти е јасно
веќе долго време сум у тој фазон
а некад ме нервираш
се дешава експлозија
па и не е убав животот во тотална хармонија
помина, трае минута до две
но затоа ти после си ми лута цел ден, ужас
некад знам беспотребно да се исклучам
но сега знам е потребно да се искупам
знаев одамна, али решив денес
кажи ми дали ќе се омажиш за мене?

[рефрен x3]
кажи само да!
сите твои желби можам ја
ко златна рипка да ги исполнам
сакаш ли да бидеш најсреќна
жена на свет те прашувам?

и дур те будам да се смееш
ќе ти стане навика
би одбил само будала
се шалам, само кажи да!

кажи, кажи да

Random Song Lyrics :

Popular

Loading...