porok - skopje crew lyrics
[строфа 1: ајнштајн]
тврдо или меко, веќе навлегов во пекол
не си како крекот, но заглавив и го нема лекот
сум ти рекол дека си слатка ко бомбона
многу ми велат “остави ја”, нека се гонат
нерви се ронат ако те немам по оброк или кафе
не е фер пред два саати те земав, сега веќе маф е
стигна време да се гагам
те лижам меѓу гради и нежно те палам
не се шалам, не се жалам од тебе, ни од никоја друга
ме смири во момент, до крај на живот ќе ти бидам слуга
може претерувам, те посакувам без мера
последна си? марш, назад во табакера
[строфа 2: френки]
пак не си избањата, си мрсна и разгранета
прсти ме здоболеа дури те раситнам
и зошто мора ти куртоните да ги носиш со тебе?
те сакам чиста како меко газе на бебе
твоите газди не те носат на време
би сакал да те земам од продавница, не од агол темен
и увек некој те демне
може да ме апсат ако ме видат како се мувам со тебе
[рефрен: тракер]
знам дека сме грешници
ѓаволот е во нас, ова мора да е порок
а ние сме уметници
ако би биле фини немаше да звучи добро. x2
[строфа 3: ангело]
а јас ја сакам неа, се заљубив до коска
нема вечер да не е до мене, не ме остава, сегде ја носам
штета, со другарите ја делам
зошто немам многу ќеш за сам јас да ја пецкам
но сепак е бештија, гадна е во пластика
се заљубив повеќе во другарка ѝ стаклена
она ме опушта максимално
ме тера да сакам сè, дури и сè банално
а некад се дешава ме тера да се карам
и кога немам пара, ја барам дури и на гага
мите ја ќарил вчера и ми ја земал
но пак се склопивме, со екипата ќе ја делам
обожавам кога сум во бочва
нејзините другари викаат од кај нив да точам
а таа инат, не ме остава на мира
ме викна да ја запознам мајка ѝ благица шира
а јас се сложив, отидов со екипа
викнала многу другарки, од сегде има да сипам
ме инспирира ова ја да ѝ го пишам
сакам да ѝ раскинам, пошто ме остави зијан
чекам зима, френкц бочва стига
ќе ја оставам на кратко други да ја пијат
а некогаш, ќе се дружиме пак
п.с. те сакам, моја најмила трилитарка
[строфа 4: стритер]
се будам од сабајле, до мене гледам книга
станувам, се мијам и почнувам да ја листам
на почеток има најава
ми покажува што сè прави мафијата во цела италија
и статистика за шпанија, холандија и англија
и остало… се надевам дека ме капираш
чепкам по нет да видам луѓето што мислат
некои бараат пари за нивната ебена мисла
викам “не, сам ќе размислувам”
гледам шифри и букви, пеер ја трипувам
секој ден на тоа место киснам
џебот ми е скинат, секоја недела книга зимам
не сум член на библиотека
сум муштерија у златна копачка, моја кладилница
Random Song Lyrics :
- lemberghini - singapūras satīns lyrics
- broke boy - flosz lyrics
- game face (outro) - sederwall lyrics
- wavy nights vol.3 - may wave$ lyrics
- pūpolsvētdiena - singapūras satīns lyrics
- fuck me up - virginia to vegas lyrics
- sick&tired - poolshake lyrics
- feelings - plan b lyrics
- ev'ry body's watching you now - robin trower lyrics
- la strada verso casa - lele esposito lyrics