otvori go pendžerčeto - нулта позитив (nulta pozitiv) lyrics
[текст за песната “отвори го пенџерчето”]
[строфа 1]
ми се јави вчера мече, да искочиме ми рече
и три саати ја се спремав, и да јадам време немав
јас брзо сосем гладен, но со имиџ, сосем сладен
спремен жени јас да шмекам, појдов во автобус да чекам
на станицата штом стигнав одма паника јас дигнав
мече пола саат го нема, не знам што толку се спремал
и на крај мече дојде, пред нос автобус ни дојде
но здогледавме со мече и дур по него се влече
а за гужва да не зборам, да се гушам и јас морам
секој тегне, гази, трпам, ме изгужваа ко крпа
ама мораш да се возиш, не си глуп пешки да одиш
па и гужви нека има, не се пешачи во зима
[рефрен]
отвори го пенџерчето
се задушивме, ќе поцркаме
отвори го пенџерчето
се задушивме, гужви не трпиме
[строфа 2]
по полека си до стино ама стигнавме
итно пред кафичот кај што мече дека ќе идеме ми рече
тука исто гужва исто така, секој ден е овде вака
избацивачот така вели, ако сме лоши, ќе нè смели
и да чекаме ни рече, си застанавме со мече
како, така, за два часа си добивме и една маса
и си седнавме на неа, сите околу сѐ смеат
ко изгубени германци јас и мече бевме странци
а конобарот штом дојде и покрај нас не ни пројде
почнав одма да се дерам поглед кон нас да му вперам
а тој неќе ни да дојде а зад шанкот тој си појде
а и гајле јас си немам кога добри жени имам
а и жени колку сакаш, само погледи им праќаш
и по полека ги шмекаш, да се фати нешто чекаш
згодни девојки на кило, да ги гледаш ти е мило
се би дал за да се двои една крај тебе да стои
[рефрен]
отвори го пенџерчето
се задушивме, ќе поцркаме
отвори го пенџерчето (аман, аман)
се задушивме, гужви не трпиме
[строфа 3]
мече стапува на сцена, шмека една добра жена
и во стилот негов светски, в кома паѓаат три женски
и гужва пак се прави, секој од нас ќе се дави
отворете ми и врати зашто мене ми се мати
а мече гајле нема, жена со себе си зема
и од гужвата тој бега, а јас што да правам сега?
да ги спасам трите жени тие мече што ги плени
да се жртвувам јас морам, да ги спасам, шо да сторам?
и ми текна добра згода, земам една кофа вода
им ја истурам на глава и со шамари ги мавам
тогаш тука дојде мече и возбудено ми рече
автобусот ќе ни кидне, дома како ќе се стигне?
ајде, мрдни малце сега, автобусот ќе ни бега
да го бркаме ќе мора, да го фатиме е фора
се испотивме трчајќи и измрзнавме чекајќи
автобусот веќе пројде, ние мислиме ќе дојде
[рефрен]
отвори го пенџерчето
се задушивме, ќе поцркаме
отвори го пенџерчето (аман, аман)
се задушивме, гужви не трпиме
отвори го пенџерчето
се задушивме, ќе поцркаме (леле, леле)
отвори го пенџерчето (аман, аман)
се задушивме, гужви не трпиме
Random Song Lyrics :
- 40 in my backpack - myer clarity lyrics
- моя банда - artemiy shurigin lyrics
- я тебе не верю - marsianin lyrics
- give me - the silhouet lyrics
- laptop - young bb young lyrics
- basquiat - rogi lyrics
- countdown - marr grey lyrics
- look out - rxndll lyrics
- bon voyage - takt32 lyrics
- butcher - paycheck lyrics