lirikcinta.com
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

trojcata vitezi i dzinot - mosaique lyrics

Loading...

беа тројца витези, чесни, но бесни
со оклопи тешки, но мисли лесни
на увијачи не жалеа глава за слава

првиот кон џинот се залета ко петел
џинот го згази, го стори пепел
другите застанаа, сфатија останаа двајца

вториот витез беше сега во бој
џинот е готов – мислеше тој
кога ситница му велев …и остана еден…

и остана сам, што ќе прави сега?
и остана сам, кај ќе бега?
само без паника, само без страв
но како да го најдам патот прав?

ако тргнам по напад без никаква резерва
џинот од мене бѝ направил конзерва
на работ од бедна сега застана тој
и му се обрати на градникот свој – на џинот:

добро, признам дека појак си од мене
но ѓавол да мè земе си мислам во себе
на светот нема поглуп од тебе
карикатуро една – ми скурчи за сè!
и џинот се налути, го обзеде гнев
се зададе брзо накај витезот тој – сега си мој…

витезот само се тргна на страна
брзината на џинот му беше маана
не можеше да сопре, ивицата ја допре
паѓајќи надолу врискаше од бес
се слушна само едно силно – трес
витезот среќен тргна накај дома
тој сочува глава, се здоби со слава
се врати дома во еден дел цел бе…

Random Song Lyrics :

Popular

Loading...