lirikcinta.com
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

balans - kiskinov lyrics

Loading...

[строфа 1]
велат не е битно кај си
само не заборавај на јазикот мајчин
и местото кај што си растел и карактер градел
и на својот брат пазел во пламен да не падне
каде жртва си бил други за да не потонат
грешките да не ги повторат, да се подобрат
да имаат избор и да не одат по полош пат
никогаш заборав, никогаш ко мојот град
и ова не е клише туку почит, сфаќаш?
лекција е секој ден што минува низ рака
само лошо е што некои мораа цена да платат
веќе не се меѓу нас, жалам дека не се враќаат
и овој тест за некој е тежок пекол
и ноќва ѕвезда згаснува, во минус оди светов
признавам низ ова мине секој
но сепак ова е мојот дом и нема слично како ова место

[рефрен]
овде едно е да имаш – друго е да цениш
едно е да си славен овде – друго е да вредиш
едно е да си успешен – друго е да се трудиш
лесно е да си крив кога другиот ти суди
овде едно е да имаш – друго е да цениш
едно е да си славен овде – друго е да вредиш
едно е да си успешен – друго е да се трудиш
тешко ќе се пронајдеш ако сам се губиш

[строфа 2]
јас знам дека трпиш се
а баланс е најтешко да имаш па на страна држи се
не покажувај слабост, макар и да си на работ
макар и да си пред крајот, на лице само радост
гладен е, па несреќно се сити овој народ
нема толку многу коњи колку што се крева правот
прашлив е градот, сув ко барут пред да пукне
живот прекраток за план, кога си од денес за утре
а некои пеат иста песна уште
сеуште живот бурен, сеуште сон студен
ретко да се осудиш да пружиш рака
па не мора да вратат, секако ќе те памтат
и кога-тогаш ќе ти симнат капа брат
и ќе се врати таа што ја сакаш знам и нема да е касно
заедно пак ќе чекориме по патот
љубовта не познава закон – затоа јас вас ве сакам!

Random Song Lyrics :

Popular

Loading...