lirikcinta.com
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

kukjichka na drvo - green out lyrics

Loading...

[строфа 1: ld pistolero]
а што ако би можел да ги скријам
сите радости под бели облаци
од очи себични, мисли ко цветови
поврзан со сите светови
говорејќи со мимики и телепатски пораки
да бидам некојси што ќе живее бар уште 100 пати
под крошна зелена, помеѓу 3 листопади
да пишам текстови, позитивни, ко што сака мајка ми
да бидат врежани во камен-плочи бетонски
да нема болести, да сме сами горе јас и ти
под ведро небо ѕвезди да ни бидат меки постели
да нема сомнежи, ниту каења и копнежи
моето срце куќичка на дрво – влези, повели
во неа вистини, спомени од души искрени
на маса листови од тазе фиљан, тазе скинати
наместо прозори ширум хоризонти небесни
виножита наместо врати, место луѓе – плодови
на гранка растени, птици да не будат весели
носејќи не на предели од стапало нестапнати
да нема часови, сонцето и ноќта доволни
за да се знае кога будни сме а кога заспани
да нема казни ако згрешам а сум неќел
само природа и воздух чист е доволно за да сум среќен
тамо горе би останал засекогаш и сам
но тие доле да се добри и јас тоа да го знам
зашто ги љубам а љубовта е посилна од се
не би ги оставил позади мене тажни, не не не
кога ќе отидам ќе биде денот убав
до тогаш се што имам и заслужувам
за вас е, ви го нудам

[строфа 2: tonyo san]
а мојот живот пак е сјебан, брат
се што гледам над е чад од димот
небо сиво пак
знам дека треба да издржам, во ноќта замижав
а нема барем една мисла што ќе помогне да заспијам
кога е лошо е најлошо, во мозок ко со шило
боде се што прошло низ него, во денот ко што било
гласот затоа е тивок, ум од криво
барам бегство од лудилото
во песнава ко спас за мојот живот
ми е како куќичка на дрво
можам да побегнам во неа секој пат
чим доле боде црно, таа е најгоре на врвот
кај што нема никој што ќе направи да ми е огорчен
повторно стихот, нема никој што ќе ме повредува
и ми го црни сонот, никој што ќе ме избрка од домот
никој што ќе ми го гади воздухот и ликот
никој што ќе ми го скрши срцето и скрши филмот
никој зад тилот што боде зад грб со шило
чекај ме таму, зад тебе сум, ме чу ли шиљо?
било и напнато и диво, нели брат?
знам секој пат но таму е мирно
додека е доле ничив рат, ти пичи брат
јас си отидов за момент, таму не е важно
што е само мисла, илузија и табу
луд сум што сум уште тука
па си одам, јас сум горе, ако требам
пушти play, чао ragazzi

Random Song Lyrics :

Popular

Loading...