lirikcinta.com
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

деца (deca) - funk shui lyrics

Loading...

се што би можел
да видам е бело
е жолто е црно
е дело о*дело
сребрено ко коска
и златно ко ака
зелено од аура
и плаво по форма

ништо што можеш
да љубиш е човек
е злато е спокој е успех е форма*
е всушност телото
суштина девојка
природа и вода
и контакт и вина

на нишан не сакаат
а камо да можат
мразат без љубов
да се множат
сакаат да знаат
се за мене и се добри
мудрост си љубат
самите
пливање ноќе
со затворени очи
никако нема
да дојде при рака

имаме имиџ
и паблик дисплеј
со неон во срце
и карти за лет

ние сме деца
на странство и разделба
од тука до среќата

ме позна
ми рече дека сум се викал иван
насмевките зошто
не беше ни блиску
се стрча и жарот
пред мене ме распосла
се трошевме брзо
тагата ни е тромава

но беше блиску до една висина*
над градот отровен
дека виси вистина
висевме двајцата*
вистина
висев после сам
повеќе од една недела
ладниот падобран полн болни безчуства
пушти друго светло
црвено, од гнев и страв
ние не сме биле сами уште помалку сме двајца
ја свртев играта, таа некаде на средина

сега таа е таму
а јас онаму
и двајцата сме убедени дека подобро е вака
можеби се нема себе
но затоа има друг
ја чувам ноќта од земјата
го чувам твојот грув

Random Song Lyrics :

Popular

Loading...