lirikcinta.com
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

samec - dudo lyrics

Loading...

дудо – самец
[verse 1]
јас сум самец, личност асоцијална
без смисла за хумор, барем не конвенцијална
тензично е кога треба да зборам
тензично е дека чекаат, се осеќам ко да морам

а се смеат на се што ќе кажам
даваат шанса, во општеството за кул дечко важам
имаат прашања и дилеми, што има ново, од мене што следи
дали зборам на повеќе теми, има ли нешто што би го сменил

еве, еве, да, не не
насмевката им се губи со очекувањата од мене
и запознаваат сосема друга особа
одвратна и досадна, за интеракција неспособна

а јас, само пазам како се понашам
да не ги навредам се плашам, не зборам ако не сум прашан
ако сум прекинат препуштам без да замерам
и молчам чекајќи го редот со најдобра намера

[chorus 2x]
за секој што се труди да ме разбере
верувај не можеш, а не можам ни јас тебе
и гледаш луѓе како нас (нас) на сите страни
сите заедно, исти, различни и сами

{verse 2]
молчам и делувам арогантен
дисфункционален помеѓу луѓето, девијантен
нови прашања и дилеми (зошто сам на страна седи)
како му одело со жени (дечково има ли проблеми)

дечкото прерано стана голем, свесен и празен, незадоволен
имам проблем, ако не сочувствуваш си благословен
како под ланец, мртов во себе, во познат правец
меѓу најблиски странец, спокоен само како самец

сакав да можам да бидам во друштва, да можев да осеќам чувства
да можев да сакам, да мразам, да имав тажни и среќни искуства
да можев да се зближам, да сум спонтано несериозен
да можев да знам и да мижам, да можев да бидам религиозен

додека настани куп ме прават настран и луд
па барам утеха во успех и пари, разврат и блуд
а се само за да го залажам својот ум
да е несвесен за личноста која уствари сум

[chorus 2x]
за секој што се труди да ме разбере
верувај не можеш, а не можам ни јас тебе
и гледаш луѓе како нас (нас) на сите страни
сите заедно, исти, различни и сами

Random Song Lyrics :

Popular

Loading...