lirikcinta.com
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9 #

kloshar - dudo lyrics

Loading...

дудо – клошар
[verse 1]
ниту сакам, ниту мразам, не зборам, не верувам
не слушам, проверувам, се што правам (претерувам)
немам со кој да се споредувам, додека ден губат победувам
секој што хејта се менува кога внимание му доделувам

дур барам човек вреден, 3301
немам време за луѓе чиј речник само на критика им е сведен
велат не чинам, те читам и те гледам од далечина
без вештина нема да бидеш повеќе од сенка нечива

ми велат (ова е стварно добар муабет од тебе
а те сметав за деген) на што им викам (кој ве ебе)
пасивен beef, јасен е крајот, но завршувам од култура
ко со две комбинации да победам во икс нула

некои ме сметаат за реален, а некои и за неарен
за сите гајле не ми е и секој ми е сееден
никој жив човек не ме интересира
(а мртов) се надевам да дознаат ги инспирирам

[chorus 2x]
сите знаат (знаат) дека си клошар
(знаат) очигледно е (знаат) нема да молчам
знам и јас (знам) вадам факти, а не сторија
(ха) читам историја директно од меморија

[verse 2]
човек вешт во секој домен и експерт во секој втор е
паметен, богат и згоден со пенис огромен
толку голем што создава гравитационо поле
не е ни чудо што привлекува секакви чанти каде што е

на многу луѓе им доаѓа убаво кога се шалам
сакаат да прават се што правам, не можат, па им одговара
за секое достигнување оправдување ми се бара
има време за да го дава, невработен, дома го хранат

сине, 6 цифри, со труд и напор без шифри
обезбедувам храна, сигурност, дом, си без нив ти
неќе да верува дека сум предобар, се тешат дека се шегувам
не можат да ме преболат, се надеваат е хибербола

(само си игра со карти), и самиот пробал но за чанти
(која би била со овој бе), таа што тебе не те ни памти
сум контрааргумент на твоите зборови потрошени
на третокласни форуми и дискусии со клошари

дур дома го хранат и збори незадоволен
плаче инфериорен, хистериша љубоморен
измислици – за чантата чувај, ти правам трауми
дудо знае се што си направил или наумил

[chorus 2x]
сите знаат (знаат) дека си клошар
(знаат) очигледно е (знаат) нема да молчам
знам и јас (знам) вадам факти, а не сторија
(ха) читам историја директно од меморија

Random Song Lyrics :

Popular

Loading...